Wednesday 19 May 2010

Македониja

Ќе одиме на југ во Македонија од Софија, кон нашиот Благоевград, кон Солун, кон сонцето и морето за тој 6. мај, Ѓурѓевден, 2010. година.

Едваj што го фативме последниот автобус од софијската централна на југ, и ето не во спомениве. Празници се, се е резервирано. Ама појдовме на југ кај нашето студентство јас и бате Ексо, цимерот мој славни од Дубај, кој што сега има дојдено за некои тривиални ствари во таа тривиална Софија, ама за Македонијава има мерак!

Благоевград, јаране стари. Ма така е различен. Има толку нови кафиќи, фазони, чувства. Стара кафана крај река, под мостот. Underground, ама празен. Шо те боли. Многу коктели во Рокхаус, најдобар Мохито, који што сум пил после Лисабон, во Мемо до Рокхаус.


Возот за Солун е на време. Го фативме без проблеми, полн беше. Си патувавме до тој Солун како до Цариград. Сaат ипол на граница. Европска унија. Не можав да поднесем, едно време полудев. Ништо. На крајот ми погледнаа личната карта од дистанца, не ја ни провериа и ајде, оди сине.


Солун е една убавина, која сум чекал да видам со години. Еве ја сеа пред мене. Уличките се мали и стрми, смоквите миришаат дури и во мај, морето... То се гледки, који не се баш толку сензација, ама на срце се ми. Може само балконите се ми сензациjа. Балконите солунски се насекаде и гледаат те од горе насмеани!


Ги најдовме сите места во Солун. Прво се прошетавме по долниот град, нема да ги опишувам убавините таму, ги знаете. После мало одевме нагоре. Кај тврдината најдовме најдобриот кафиќ. Прави солунчани го држеа и си работеа, не распрашуваа за София шо и како. Конобариците им беа од Атина. Вика една, нема да се вратам во Атина скоро... Солун рула 

После се спуштивме до Лададика по малките уличиња. Малки куќички и мотопеди и мирис на море, коа ќе се симнеш во тој Солун. Красно...

Τσινάρι. Цинари. Средба на три уличиња, на сека улица кафана. Си го проведовме целото попладне таму. Запамтивме и за другиот пат.


Лададика не поема. Прво луд джез, после музика која ја идентифицирав како рокендрол . Будали солунски, немате идеја 

Цао Солуне, ево нас на воз за Београд!

Само што се симнуваме на прв'та станица

– ГЕ
- ВГЕ
- ЛИЈАААААААА!!!!

Едваj ни пуштиа од воз. Добро што побегнавме. А Гевгелија... Гевгелија беше нешто мило и посебно!


Се најдовме со најголемата будала на светот - Душан, старио софијски гевгеличанец. Се најдовме со Коста, со Кире, со Горан, со Ѓургица, со Ивана, со Магда, абе се напраивме партал во тој прекрасен мој град Гевгелија! Ве сакум, другари мој, дојд'те ми уф Софија!

Ајвар, лутеница, летен ајвар, домашен ајвар, домашна ракија, домашна мастика.

Струмица, шопска, Скопско, помфрит, комбе, граница, „Не сте се пријав'ле бе!„ „Е шо да прајме?„ „Ајде ојте.„ Добре дошли во ЕС, нема автобус уд Петрич, фанааме последнио уд Сандански.

Моја Македонија, те сакум.

2 comments: